Снабдувањето со вода е целосно стабилизирано и Комуна ги обезбедува потребните количини на вода. Недостиг на вода нема и нема да има.

Потрошувачката на вода значително е зголемена, до неразумен обем. Зголемениот број на посетители, високите температури и сувото време придонесуваат за зголемено конзумирање на вода.
Но, апелираме на разумно и одговорно користење. Кога го упатуваме овој апел не зборуваме за употреба на вода за пиење и лична хигиена, туку за начини на употреба кои не се суштински и не се неопходни. Исто така, нашиот апел не е да не се користи водата за намени кои не се неопходни, но апелираме на намалување и разумно користење.
Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево.